Општи услови за користење и информирање на купувачите
Претставување
Добредојдовте на нашата веб страница (понатаму „Веб страница“ , „МЕМЕ.мк“). Се надеваме дека ќе уживате во своето искуство на платформата. Подолу се наведени условите кои го регулираат вашето користење на нашата Веб страница (понатаму „Услови“ ). Со користењето на нашата Веб страница вие ги прифаќате и сте согласни да се придржувате кон Условите, доколку не се согласувате Ве молиме да не ја користите нашата Веб страница.
Ве молиме внимателно прочитајте ги Општите условите и правилата за користење и информирајте се за процесите на продавницата МЕМЕ.мк пред да купите. Во процесот на купување на електронскиот трговски центар МЕМЕ.мк, Вие се согласувате со овие услови за купување и преддоговорните информации (во натамошниот текст: Услови), со што потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и прифатиле.
Во овие Услови изразите “ние”, “нас”, “наши” и „МЕМЕ.мк“ се однесуваат на Друштво за производство, трговија и услуги МЕМЕ МАЛЛ ДООЕЛ, Скопје, со седиште на ул. Франклин Рузвелт бр. 62/1-4 Скопје, со ЕМБС: 7727607 и ЕДБ: 4080023618948, нашите сестрински фирми, претставништва, гранки, правни следбеници, давачи на лиценци, примачи на лиценци и/или агенти, а “Вие” се однесува на Вас. Останатите услови исто така се однесуваат на употребата на нашата Веб страница и се вклучени тука во оваа референца. Вклучуваат посебни услови кои се применуваат за конкурси, промотивни продажби и други функции кои може да бидат привремено достапни на нашата Веб страница. Се согласувате дека ќе се придржувате до таквите услови.
По потреба може да испечатите копија на овие Услови.
Начин и јазик на комуникација
Комуникацијата за време на траењето на договорниот однос, усно и писмено, што вклучува употреба на електронски средства за комуникација. се одвива на македонски јазик и неговото кирилско писмо. Секако ова не ја исклучува можноста од истовремена употреба и на други јазици. За сите видови приговори и поплаки, потрошувачот/плаќачот и корисникот на средства/трговецот/курирската служба се обраќаат до Платформата, која е задолжена за понатамошна комуникација со засегнатите страни со цел да се реши приговорот.
Кои сме ние
МЕМЕ.мк претставува иновативна онлајн мол-платформа која е посветена на обезбедување на пристап до различни видови производи. Овој виртуелен шопинг простор гордо нуди широка програма на артикли, вклучувајќи електроника, облека, накит, аксесоари и друг тип на оригинални производи. Преку удобната и прегледна онлајн платформа, МЕМЕ.мк Ви овозможува лесно и пријатно искуство при нарачување, обезбедувајќи брза достава.
Оваа онлајн мол-платформа е место каде што луѓето можат да истражуваат и нарачуваат производи со допир на хумор и стил. Заедно со креативните понуди на Meme.mk, овој мол станува не само дестинација за шопинг, туку и простор за споделување на забава и изразување на креативност.
Услови и правила за интернет продажба
Цените на сите производи од MEME.mk се во денари и со вклучен ДДВ.
Секој купувач најпрвин мора да се регистрира за да може да биде остварена нарачката. По завршувањето на нарачката ќе биде испратен e-mail на наведената адреса од страна на купувачот, за потврда на нарачката.
Купувањето може да се оствари со следните платежни картички: Visa; Visa Electron; Mastercard; Maestro (само доколку има CVV2/CVC код на позадината од картичката) а наплатата се извршува преку нашиот партнер Стопанска Банка А.Д. Скопје.
Потрошувачот може да купи на платформата како регистриран корисник (регистрација преку е-пошта, регистрација со Google налог или Facebook налог) или како гостин-корисник, при што ги остава своите податоци неопходни за реализација на купувањето, односно достава на стоката. Регистрацијата е бесплатна и на потрошувачот му овозможува одредени поволности, како што се: заштеда на време (побрзо купување секој следен пат, зачувување на адресата за достава за идни купувања), овозможување целосен увид во статусот на нарачката, со полесен пристап и преглед на сите претходни нарачки и Потврди за купувања, можност за креирање листа на желби итн. Исто така, купувањата на Платформата може да се направат и по пат на chat преку официјалните профили на Facebook и Instagram.
Доколку купувањето е направено со платежна картичка на компанија/правно лице, во тој случај онлајн молот, како и Банката не се одговорни за даночните и другите законски обврски кои ја придружуваат платежната трансакција и основната правна активност врз основа на која се врши трансакцијата, ниту било кои други даноци и/или оптоварувања кои можат да настанат при давање услуги/достава на стоки.
Во процесот на купување, потрошувачот изјавува дека е запознаен и се согласува со Условите и Политиката за приватност. По завршувањето на процесот на нарачка на стоката, потрошувачот на e-mail (e-адреса) добива Спецификација на нарачката. Оваа е-порака е потврда дека нарачката е обработена и понатаму се процесира и не претставува склучување на договор за продажба на стока. Кога ќе се потврди дека стоката нарачана од потрошувачот е достапна во магацинот, односно кога курирската служба ќе ја подигне стоката за достава до потрошувачот, нарачката ќе биде потврдена и потрошувачот ќе добие Потврда за купување на e-mail (e-адреса), и тогаш се смета дека договорот за купопродажба е склучен. Согласно важечката регулатива пратката со производот/ите ќе биде снабдена од страна на трговецот со соодветна документација согласно позитивните прописи од областа на готовинските плаќања. Може да се случи одреден производ да го нема на залиха, за што потрошувачот ќе биде информиран. Платформата нема да биде одговорна пред потрошувачот доколку се случи одреден производ да не биде достапен во магацинот во дадено време.
Купувањето на одредени, специјално означени производи на Платформата може да го направат само возрасни потрошувачи. При нарачка на посебно означените производи, потрошувачот е должен да потврди дека е полнолетен. Не е дозволено купување или достава на специјално означени производи од малолетни потрошувачи. Платформата не е одговорна за купување на специјално обележани производи од потрошувачи кои не се полнолетни.
Со оставање на e-mail адреса, потрошувачот дава согласност на e-mail адресата односно по електронски пат да му се достави Спецификација на нарачката, Потврда за купување за купените производи, како и други документи поврзани со купопродажбата (Услови, формулари за барања за повлекување и сл.). Во одредени случаи и во согласност со регулативата како и процесите воспоставени на Платформата, потребната документација согласно позитивните прописи од областа на готовинските плаќања на трговецот ќе се достави до потрошувачот во печатена форма во пратката заедно со производот/ите, а потрошувачот е свесен и се согласува дека во овие ситуации, покрај документите кои ги добива по електронски пат, потребната документација согласно позитивните прописи од областа на готовинските плаќања која е обврска на трговецот ќе ја добие во печатена форма.
Во процесот на извршување на платежните трансакции, како давател/и на платежни услуги се јавува/ат банки, и тоа
(1) банки во кои курирските служби имаат отворено свои сметки за прием на готовина и понатамошен трасфер на паричните средства по налог на курирската служба до наменската сметка на МЕМЕ.мк),
(2) банката која на МЕМЕ.мк му отвора и одржува наменска сметка за заштита на парични средства на корисници и која ги обезбедува услугите за прифаќање парични средства од платежни трансакции, прием на парични средства од други сметки отворени кај истата или кај други банки и понатамошен трансфер на парични средства по налог на МЕМЕ.мк на тековните сметки на Конечните приматели на стредствата: Трговците, Платформата и Курирските служби и
(3) банки во кои Конечните приматели на средства имаат отворено свои сметки за прием на паричните средства.
Како даватели на платежни услуги можат да се јават и банки во кои потрошувачот има отворено своја смета и во случаи на враќање на средствата за прием на тие средства. Извршувањето на платежните трансакции давателите на платежни услуги го вршат согласно Договорот склучен со имателите на сметки, релевантната регулатива и нивните внатрешни правила на работење.
МЕМЕ.мк е овластен од трговците и курирските служби да прифати плаќања во нивно име за нивните производи и/или услуги и средствата од плаќањата да ги пренесе на нивни сметки, согласно нивните меѓусебни договори и овие општи услови за купување и преддоговорно информирање на потрошувачите. При купувањето на Платформата, потрошувачот експлицитно се согласува и ја овластува МЕМЕ.мк онлајн молот да го прифати неговото плаќање на средствата во име на трговците и курирските служби и да го пренесе соодветно на нивни сметки. Со креирање на нарачката, потрошувачот дава своја согласност за извршување на платежна трансакција во согласност со условите што му се презентирани во овие Општи услови.
Извршувањето на платежни трансакции од страна на Банката подразбира:
– услуги на прифаќање безготовински начини на плаќање со потрошувачки платежни картички на Платформата преку електронски канали поддржани од Банката, и примање на средствата на посебната наменска сметка за заштита на парични средства на корисниците на Платформата отворена кај Банката (во натамошниот текст: наменска сметка).
– услуги на примање на парични средства од тековните сметки на курирските служби на наменската сметка
– услуги на пренос на парични средства од наменската сметка, на тековните сметки на крајните приматели на средствата и/или потрошувачите во случаи на враќање на средствата, а согласно налог од Платформата.
Преносот на средства од наменска сметка за заштита на парични средства на корисници на МЕМЕ.мк електронскиот трговски центар на сметките на крајните приматели на средствата се врши врз основа на налози дадени од Платформата до Банката, а согласно условите на склучената/ите купопродажна/и трансакција/ии за кои се врши плаќањето. За целите на префрлање средства на платежните сметки на трговците и по потврдената достава на производот до потрошувачот и согласно договoреното со трговците и курирската служби, Платформата, во име и за сметка на потрошувачот/ите, доставува налози до Банката за пренос на средствата.
Доколку во временскиот период во кој средствата се на наменска сметка за заштита на парични средства на корисници (во рокот од 14 дена кога потрошувачот има законско право на повлекување од купопродажниот договор во текот на кој тие сè уште не се префрлени на тековните сметки на Конечните приматели на средствата), постои барање за враќање на средствата на потрошувачот врз основа на прифатено повлекување од купувањето, прифатен приговор на потрошувачите итн., Платформата иницира постапка за забрзано враќање на средствата, земајќи ги предвид економските интереси на потрошувачите и корисничкото искуство при купувањето на Платформата. Откако ќе се префрлат средствата на сметка на трговецот, трговецот ги враќа средствата на потрошувачот во роковите утврдени со закон.
Со префрлање на средства на сметката за плаќање, трговецот го добива износот на средствата врз основа на продажба на производи/услуги на Платформата, намален за износот на посредничкиот надомест на Платформата (провизија за посредување во трговијата на Интернет платформата) и за износот на надоместокот за достава на производи за курирските служби.
За нарачка во вредност над 2.000,00 Евра во денарска противвредност (120.000,00 денари), доколку се работи за еднократно плаќање, плаќањето може да се изврши само со платежна картичка на Платформата. Невозможно и не прифатливо за онлајн трговскиот центар е да се нарачаат производи со вредност поголема од наведената преку плаќање на рака. Доколку се работи за неколку поврзани плаќања во период од еден работен ден од извршувањето на претходното плаќање, чиј збир ја надминува вредноста од 2.000,00 Евра во денарска противвредност (120.000,00), Банката има право да одбие извршување на налогот доколку средствата се платени во готовина, како и да побара стоката да се плати безготовински со платежна картичка на Платформата. Платформата е должна да дава извештаи по барање на Банката, а според кои ќе се следат потенцијално поврзани и/или сомнителни трансакции.
На овој начин потрошувачот се информира за можноста за проверка на платежните трансакции, како поединечни, така и потенцијално поврзани трансакции, и за тоа дека е должен да достави копија од неговиот личен документ и/или кој било друг документ или изјава поврзана со купувањата направени преку Платформата на барање на Платформата. Платформата е должна да ја проследи целата потребна документација до Банката, која го применува Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам со цел следење и запознавање на клиентот и контрола на извршувањето на платежните трансакции. Банката го задржува правото да го прекине извршувањето на платежните трансакции во случај на сомнителни трансакции или недоставување на потребната документација од страна на Платформата.
Сите плаќања ќе се вршат во локалната валута на Република Македонија – македонски денари (МКД). Сите останати валути и прикажување на цени во други валути е забрането на онлајн молот МЕМЕ.мк.
Плаќање од странска картичка е дозволено на МЕМЕ.мк. средствата кои ќе бидат повлекувани од нас ќе бидат изразени во МКД. Износот за кој ќе биде задолжена Вашата платежна картичка ќе биде изразен во Вашата локална валута преку конверзија во истата по курсот што го користат картичните организации, а кој не може да ни биде познат во моментот на трансакцијата.
Ваша корисничка содржина
За да можете да ја испратите својата содржина, мора да имате најмалку 16 години (или да бидете под надзор на родител или старател). Ветувате на МЕМЕ МАЛЛ ДООЕЛ декa:
(a) сте автор и сопственик на вашата Корисничка содржина и / или дека на некој друг начин имате можност дополнително да ни ги дадете договорените права за користење, бидејќи сте добиле дозвола од страна на авторот/ сопственикот на вашата Корисничка содржина и било што е содржано во неа или било кое лице во вашата Корисничка содржина (и ако авторот/ сопственикот или лицето се малолетни, од нивниот родител или старател); и
(b) дека вашата Корисничка содржина е на друг начин во согласност со овие Услови.
Доколку работите за МЕМЕ МАЛЛ ДООЛЕ или во некоја друга компанија која работи за или со М-МЕМЕ МАЛЛ ДООЕЛ, морате да го обелодените тој однос. На нас и на нашите сестрински компании ни ги давате сите права, дозволи и согласности, неексклузивно, без надоместок, трајно, неповратно и со потполно пренослива лиценца за користење, копирање, репродукција, модификација, прилагодување, превод, објавување, јавно прикажување, дистрибуирање, продавање, вклучување во други материјали и создавање изведени трудови од својата Корисничка содржина (со или без вашето име или друго име кое сте го испратиле во својата Корисничка содржина) во било кој облик и медиум за комерцијална или друга намена (вклучувајќи, без ограничување на огласување, маркетинг и промотивен материјал) без ограничување или кршење, вклучувајќи ја и целта на измената и прилагодувањето на вашата Корисничка содржина без одобрување или согласност или било какво плаќање или заслуга кон вас или било кое друго лице.
Сите повратни информации, сугестии, информации, податоци, предлози, идеи, материјали, прашања или коментари кои ни ги давате нас и на нашата Веб страница сметате дека не се доверливи и комерцијални. Се што испраќате или објавувате станува наша сопственост и МЕМЕ МАЛЛ слободно ќе ги користи таквите повратни информации и материјали неограничено за било која намена, вклучувајќи но не ограничувајќи се на репродукција, откривање, пренос, објавување и емитување. Конкретно, слободни сме да користиме било кои идеи, поими, know-how или техники содржани во било која комуникација која ја испраќате на нашата Веб страница за било која цел, вклучувајќи но не ограничувајќи се на развој, производство, рекламирање и маркетинг на производите користејќи ги тие информации. Секако таквото користење е без надомест кон оние кои ги даваат информациите или кон било кој друг. Имајте на ум дека МЕМЕ МАЛЛ може слободно да одлучи дали ќе ја употребува вашата Корисничка содржина или не и дека МЕМЕ МАЛЛ можеби веќе развил таква (или во иднина можеби ќе развие) слична содржина или таква содржина набавил од други извори, во тој случај сите права на интелектуална сопственост на оваа содржина остануваат на МЕМЕ МАЛЛ и оној кој му ја дал лиценцата.
Потрошувачот може да купи производ на МЕМЕ.мк како подарок за друго лице. Во овој случај, плаќањето мора да се изврши со платежна картичка. Доколку потрошувачот не сака примачот на подарокот да добие Потврда за купување по е-пошта, тогаш ќе ја остави неговата е-маил адреса како адреса за примање на Потврдата за купувањење, а ќе ја остави адресата на лицето на кое му е испраќање на производот како адреса за достава.
Доколку потрошувачот користи ваучер добиен од МЕМЕ.мк при купување на онлајн молот, потрошувачот ги прифаќа и се согласува со следните правила за користење на ваучерот:
- Ваучерот содржи информации за издавачот, како и паричната вредност или износот на попуст добиен со ваучерот.
- Ваучерот се користи како платежно средство, т.е. со ваучер потрошувачот врши уплата на МЕМЕ.мк или во висина на целата вредност на кошничката или во висина на дел од вредноста на кошничката.
- Добиениот ваучер потрошувачот може да го искористи еднаш, односно при едно купување на Платформата, без разлика дали во таа прилика нарачал еден или повеќе производи од еден или повеќе различни трговци.
- Доколку при купувањето за кое се користи ваучерот, потрошувачот избрал повеќе производи, паричната/процентуалната вредност на ваучерот се дели пропорционално според учеството на ценовната вредност на поединечниот производ во вкупната вредност на кошницата.
- Во случај на враќање на средствата на потрошувачот за купување во кое го користел ваучерот (без разлика дали рефундирањето е направено врз основа на прифатено повлекување од договорот, прифатен приговор, неуспешна достава или оштетена/изгубена пратка), на потрошувачот му се враќа сумата што ја платил, односно за сумата платена со ваучерот потрошувачот нема право на поврат.
- Во случај на истек на рокот да се потроши ваучерот, корисникот нема право на поврат на средствата од истиот. Ваучерот во истиот момент се ссмета за неважечки.
Описот на производот, односно неговите основни карактеристики и продажната цена се истакнати до сликата на секој производ, додека информациите за трговецот може да се најдат на линкот до производот. Обврска на трговецот е да ги опише производите што е можно подетално, за да му обезбеди на потрошувачот оптимално ниво на информации за производот. Платформата не гарантира дека прикажаните податоци и сликите на производите се 100% точни и сигурни и без грешки. Доколку доставениот производ не се совпаѓа со описот на Платформата, потрошувачот може да поднесе приговор. Во согласност со Законот за заштита на потрошувачите, обврска на трговецот е да ја истакне продажната цена на недвосмислен, јасен, лесно видлив и читлив начин директно до приказот или описот на производот, како и да се придржува до истакнатите цени и услови на продажба. Сите цени на производите прикажани на Платформата се конечни и вклучуваат ДДВ. Цените се наведени и се наплаќаат во денари. Трошоците за достава не се вклучени во цената, туку се наплаќаат дополнително и зависат од тежината на пратката и далечината на доставата.
МЕМЕ.мк не сноси одговорност за грешно прикажани цени и нивна корекција.
Трговска гаранција
Трговска гаранција со гарантен лист подразбира обврска на трговецот или на производителот да гарантира за исправното функционирање на потрошувачките стоки во текот на определено време, сметајќи од нивното предавање на потрошувачот. Трговецот и производителот се обврзани со одредбите и условите предвидени во гарантниот лист и во поврзаното огласување на потрошувачките стоки достапно пред или во моментот на склучување на договорот. Гаранцијата не ги исклучува или влијае на правата на потрошувачот во однос на
сообразноста на производот со договорот. Гарантниот лист е документ во писмена или електронска форма или на друг постојан носител на евиденција, кој ги содржи сите информации наведени во член 111 од Законот за заштита на потрошувачите. Трговецот е должен да му го предаде гарантниот лист на потрошувачот доколку производот се продава со гаранција. Со прифаќање на овие Општи услови на потрошувачите, потрошувачот се согласува дека, за производите за кои добива гаранција, гарантниот лист ќе му биде доставен во електронска форма по е-пошта. Платформата, како посредник во продажбата, не презема обврски кои произлегуваат од одговорноста на гарантот кон потрошувачот врз основа на договорната гаранција.
Ваша употреба на нашата Веб страница
Иновативниот онлајн мол МЕМЕ.мк е посредник во продажбата на стоки и услуги помеѓу потрошувачот и трговецот, а при нарачка на стоката преку МЕМЕ.мк, потрошувачот влегува во купопродажен однос со трговецот. Трговците кои продаваат стоки и услуги преку електронскиот трговски центар се деловни субјекти (правни лица) кои со МЕМЕ МАЛЛ склучиле Договор за посредување при продажба на стоки и услуги и за поврзани услуги. Општите услови за купување и преддоговорно информирање на потрошувачите се во согласност со Законот за заштита на потрошувачите, Законот за електронска трговија, Законот за трговија, Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Законот за платежни услуги и платни системи и Законот за давање на финансиски услуги на далечина. Купувањето направено преку Платформата претставува склучување договор на далечина. Кога потрошувачот купува преку Платформата, Општите услови и преддоговорните информации се составен дел на тој договор.
За да ја користите нашата Веб страница или да би испратиле ваша содржина мора да имате најмалку 16 години (или да бидете под надзор на родител или старател). Не мора да се регистрирате за да ја користите нашата Веб страница, но мора да биде регистрирани и да ги подмирите давачките според вашата претплата за да можете да ги користите напредните алатки за која е наменета оваа веб платформа. Слободно истражете ја нашата Веб страница и доколку е достапно, дадете и свој допринос, како прашања, коментари, постови, оцени и рецензии, информации и мултимедијални содржини (на пр. слики, видеа, музика, звуци, уметнички дела) (“Корисничка содржина”). Вашата употреба на нашата Веб страница и вашата Корисничка содржина мора да биде законска и во согласност со овие Услови. Вашата употреба на нашата Веб страница и Вашата Корисничка содржина не смее:
- да нанесе штета, вознемири или повреди други луѓе или да ги крши правата на други лица, вклучувајќи приватност, слика и лик;
- да ги злоупотреби или прекрши било кои права на интелектуална сопственост, или да содржи било што довреливо или во сопственост на вас или било кое друго правно лице, а вие да немате право тоа да го објавувате јавно;
- да биде незаконска, да клевети (вклучувајќи ја и веб страната и МЕМЕ МАЛЛ ДООЕЛ, Скопје, како и сите останати засегнати страни во онлајн молот), да е непристојна, заканувачка, насилничка, расистичка или ксенофобична, да промовира или охрабрува нетрпеливост, омраза или насилство или на друг начин да биде навредлива, да содржи приговори или да биде непримерна;
- да вклучува комерцијални или други реклами или промоции;
- да биде лажна, да содржи измама, заблуди или злонамерност, не смеете да се претставувате лажно како било која друга личност или лажно да го претставувате својот идентитет или да дадете било кои други податоци за себе;
- да дистрибуирате вирус, црв или друг штетен код за компјутерот, да ја тестирате ранливоста на нашата Веб страница, да доведувате до безбедносни проблеми, оштетување, оневозможување или преоптеретување на нашата Веб страница или на друг начин да ја загрозите, пореметите, преоптерерите, наштетите, нарушите или и пречите на функционирањето или интегритетот на нашата Веб страница или било кое друго лице кое ја користи нашата веб локација.
Не смеете да пробувате да:
- правите масовни, автоматизирани или системски екстракции на нашата Веб страница или да ги користите внатре или за создавање на друг веб сајт, услуга или база на податоци, или да се обидувате да ги продадете повторно и повторно да ги дистрибуирате;
- да распаднете, користите реверзен инженеринг, да го одделите или на некој друг начин да го намалите кодот кој се користи во било кој софтвер на нашата веб локација во целосен облик; или
- да го користите било кој deep линк, да вршите екстракција на податоците од страницата, веб попишувачите, индексирање, Интернет агент или друг автоматски уред, програм, алгоритам или било која друга слична методологија за употреба, пристап, копирање, стекнување информации, генерирање импресии, влезни информации, да чувате информации, пребарувате, генерирате пребарувања или да го надгледувате било кој дел на нашата Веб страница или содржина.
Имајте на ум дека МЕМЕ.мк може веднаш и без претходно известување да отстрани било кој дел од вашата Корисничка содржина и /или да ја суспендира или прекине вашата можност за користење на Веб страницата ако веруваме дека не сте ги почитувале овие Услови. Ние можеме, но не сме обврзани во било кој момент ја надгледуваме и прегледуваме како и уредуваме, тргаме или одбиваме било која ваша корисничка содржина по сопствено дискреционо право. Во секој случај, вие сте одговорни и би требало да водите сметка при креирање и објавување на вашата Корисничка содржина. Ветувате дека ќе се придржувате до овие Услови. Може да имате законска одговорност кон нас и трети лица доколку не го направите тоа. Ние можеме, но не сме должни да пријавиме релевантно кршење на овие Услови на регулаторните органи за спроведување на законот. Известете не веднаш доколку имате било каква приредба на било која Корисничка содржина на електронската пошта contact@meme.mk
Интелектуална сопственост
Сите содржини на нашата Веб страница односно онлајн трговскиот центар, вклучувајќи ги без ограничување, текстовите, фотографиите, графиките, уметничките дела, заштитните знаци односно логоа, брендовите, логотиповите, видео снимките, звуците, музиката, корисничкиот интерфејс, документите и код (збирно “Содржина”), како и изгледот и презентацијата на оваа Содржина, се во наша сопственост или во сопственост на оние од кои сме добиле лиценца, и се заштитени со авторски права, лого, патент, препознатлив изглед, права sui generis / база на податоци и други права на интелектуалната сопственост.
Заштитните знаци или логоа, логотипови, карактери и услужните ознаки прикажани на нашата Веб страница или називите на доменот (под заеднички назив “Заштитни знаци”) припаѓаат на МЕМЕ МАЛЛ ДООЕЛ, Скопје, односно компанијата која стои позади изработката и функционирањето онлајн мол.
Ништо на нашата Веб страница и во овие Услови не може да се интерпретира како давање на било каква лиценца или право на користење на било кој Заштитен знак. Ве известуваме дека МЕМЕ МАЛЛ ДООЕЛ, Скопје ќе ги користи сите средства дозволени со закон за да ги заштити своите права на интелектуална сопственост. Може да пристапите и репродуцирате поединечни содржини на нашата Веб страница исклучително за своја приватна и некомерцијална употреба [или за интерна професионална употреба] под услов во секој од случаите да го почитувате интегритетот на Содржината и задржите (и не тргате) било какво известување за авторските права на таквата Содржина (на пр. © 2024 МЕМЕ.мк. Сите права се задржани.) како и известување за истите.
Ниеден дел од нашата Веб страница и ниедна Содржина не смее да се користи, копира, репродуцира, да се објавува повторно, поставува, објавува, да се прикажува јавно, емитува, шифрира, преведува, пренесува или дистрибуира на било кој друг компјутер, сервер, веб сајт или било кој друг медиум за комерцијална намена, без експлицитна писмена согласност од МЕМЕ МАЛЛ ДООЕЛ.
Сите останати права се задржани. Освен ако не е експлицитно наведено поинаку во овие Услови, употребата на нашата Веб страница, заштитните знаци или содржината е строго забранета. Морате да добиете наша претходна дозвола за било каква друга употреба на нашата Веб страница или Содржина, вклучувајќи било каква комерцијална употреба која ние можеме да ја одобриме, одбиеме или условиме по сопствено дискреционо право,
Потрошувачите кои сакаат да добиваат известувања за најновите производи, трендови и специјални понуди на онлајн молот можат да го сторат тоа со претплата на Билтенот МЕМЕ.мк на два начина:
- при регистрација, со означување на опцијата: „Сакам да добивам известувања за најновите производи, попусти и промоции“; или
- со внесување на e-mail адресата на дното на почетната страница, во делот „Пријавете се на нашиот билтенот“.
Потрошувачот може во секое време да ја отповика согласноста за примање директен маркетинг, а обврска на МЕМЕ.мк е редовно да ги проверува и прифаќа отповикувањата на согласноста испратена од потрошувачот кој не сака да прима пораки од директен маркетинг.
МЕМЕ.мк е посветен на тоа да ја направи нашата Веб страница што подостапна за сите корисници, вклучувајќи ги и оние со инвалидитет. Вашето искуство во прегледувањето може да се подобри со промена на софтверот и поставувањата на уредот (на пр. за промена на големината на текстот) или со инсталирање на додатни помошни технологии. Обратете ни се доколку имате прашања поврзани со пристапноста.
Информациите на нашата Веб страница немаат за цел да дадат општи информации за кондицијата, исхраната и здравјето и не се наменети за дијагностицирање или лечење. МЕМЕ МАЛЛ не е ангажиран за давање на медицински совети или услуги. Треба да се посоветувате со лекар за лекарски совети или услуги, вклучувајќи и барање совети пред да преземете нова диета или програма за вежбање. МЕМЕ МАЛЛ ДООЕЛ не сноси никаква одговорност за информации и производи поврзани со кондиција, исхрана и здравје кои се даваат на МЕМЕ.мк од страна на купувачите и продавачите на онлајн молот.
Нашата Веб страница може да содржи врски (линкови) до веб страници на други компании, платформи на социјални медиуми, мобилни апликации и други производи и услуги (како и огласување на трети страни) (“платформи на трети страни“). Ние немаме контрола над таквите платформи на трети страни, не ги поддржуваме нужно и не преземаме никаква одговорност за нив, вклучувајќи ја нивната содржина, точност или функција. Како резултат, морате внимателно да ги прегледате правните известувања и известувањата за приватноста на таквите платформи на трети страни, вклучувајќи ги и информациите за сите нивни измени. Вашата интеракција со овие поврзани платформи е на ваш ризик. МЕМЕ МАЛЛ не сноси никаква одговорност за таквите платформи на трети страни и нивните услови и одредби.
Доколку користите платформа на трета страна и сакате да се поврзете на нашата веб локација, можете на својата почетна страна да ја вклучите хиперврската до почетната страна на нашата веб страница (користејќи обичен текст на нашиот веб сајт); под услов да тоа го правите на начин кој е во согласност со овие Услови, а да:
(a) на ниеден начин не наведете дека сте поврзани или поддржани или спонзорирани од страна на МЕМЕ МАЛЛ,
(b) не прикажувате хиперврска или ја прикажувате нашата Веб страница на било кој начин кој претставува омаловажување на МЕМЕ МАЛЛ ДООЕЛ или МЕМЕ.мк,
(c) не воспоставите deep link (длабока врска) на било која друга страница на нашиот Веб сајт, или
(d) не ја врежувате нашата Веб страница или било која Содржина или на друг начин предизвикувате нашата Веб страница или содржина да се појават во прозорец со било кој друг материјал.
Секое одобрување на поврзаноста можеме во било кое време да го повлечеме по сопствено дискреционо право. Нема да го користите името, логотипот, слоганите, заштитните знаци или било кои други зборови или кодови на МЕМЕ МАЛЛ и МЕМЕ.мк кои го идентификуваат МЕМЕ МАЛЛ ДООЕЛ како копче во хипервсрката, во метатагот или на било кој начин без експлицитна писмена согласност од МЕМЕ МАЛЛ.
Изјава за откажување од одговорноста
Ние можеме да го промениме целиот или било кој дел на нашата Веб страница вклучувајќи и додавање, отстранување или промена на било која Содржина, вклучувајќи ја Корисничката содржина, во било кое време по сопствено дискреционо право. Можеме да ве известиме претходно, но не мораме да го направиме тоа. Нашата Веб страница нема да биде секогаш достапна. Ние можеме да измениме, суспендираме или повлечеме труд или пристап на нашата Веб страница во било кое време по сопствено дискреционо право, било на привремена или трајна основа, вклучувајќи и одржување и други технички причини. Можеме да ве известиме претходно, но не мораме да го направиме тоа.
Како и сите услуги засновани на софтвер, ние не можеме да ветиме дека нашата Веб страница не содржи грешки или дефекти. Нема да бидеме одговорни за одржување на содржината и нашата Веб страница или за овозможување корекција, ажурирање или изданија во врска со тоа.
Топло ви препорачуваме да водите сметка и да ја проверите погодноста и компатибилноста на компјутерскиот систем пред употреба на нашата веб страница, вклучувајќи ги разумните мерки на претпазливост за да бидете заштитени од безбедности проблеми, на пример, инсталирање антивирусен софтвер. Доколку одлучите да преземете или копирате материјал од нашата веб страница, тоа го правите на сопствен ризик. Ние не преземаме никаква одговорност за било какво оштетување или вирус кој би можел да влијае на вашата компјутерска опрема или друга сопственост поради вашиот пристап, користење или преземање на било кој материјал од неговата веб локација или поради илегално напаѓање или интервенција во неговиот систем.
Нашата Веб страница е динамично окружување и повремено може да се појават неточности и грешки. Не сме одговорни за (и нужно не се сложуваме и поддржуваме) ваша или било која друга корисничка содржина на нашата веб страница и би требало да бидете внимателни кога ја користите. Секое потпирање на материјалите на нашата Веб страница ќе биде на ваш ризик.
Нашата Веб страница не е услуга на складирање и би требало да си чувате копија од целата своја корисничка содржина.
Нашата Веб страница и нејзината Содржина ги испорачуваме на принцип “во видена состојба“ и “достапна“. Во најголема мера дозволено со закон не даваме никакви гаранции или изјави, експлицитни, кои се подразбираат, правни или на некој дрг начин, вклучувајќи но не и ограничувајќи се на било какви гаранции за точност, можност за продажба и подобност за одредена цел, не-кршење, било какви гаранции дека нашата веб страница или содржина ќе биде потполна, точна, поткрепена, благовремена, без грешки, непрекината, безбедна или без вируси или дека секој совет или мислење добиено од МЕМЕ МАЛЛ или МЕМЕ.мк по пат на нашата страница е точно или дека треба да се потпрете на него, а ние ги исклучуваме своите услови, гаранции, изјави и услови од било кој вид кои може да се однесуваат на нашата Веб страница или содржина и вашето користење или потпирање на нив.
Ограничување на одговорноста
Ништо во овие Услови не вклучува или не ограничува наша одговорност во врска со нашата Веб страница и вашата употреба или потпирање на неа ако тоа е незаконски, вклучително и за измама, лажно претставување или смрт или лични повреди предизвикани од наша небрежност. Ништо во овие Услови не влијае на вашите законски пропишани права како потрошувач. Освен како што е наведено во првиот став горе, нема да бидеме одговорни за загубите, оштетите или трошоците од било кој вид, како и да настанале (вклучувајќи но не и ограничувајќи се на невнимание), дали директно или индиректно, под или во врска со нашата Веб страница или содржина и вашата употреба или потпирање на нашата Веб страница или содржина. Освен ако не е предвидено со закон, во ниеден случај нема да бидеме одговорни за било каква индиректна, последователна, примерна, специјална, случајна или казнена штета, трошоци или загуби, вклучувајќи ги без ограничување изгубените податоци, изгубениот профит и престанок на работењето. Во најголема мера дозволено со важечки закон, експлицитно се одрекувате од сите барања кон МЕМЕ МАЛЛ и МЕМЕ.мк, неговите службеници, директори, вработени, добавувачи и провајдери кои можат да произлезат од вашето користење или пристап на нашата Веб страница.
Оштета
Се согласувате дека ќе ги обештетите и нема да ги сметате МЕМЕ МАЛЛ и МЕМЕ.мк, неговите службеници, директори, акционери, претходници и наследници во интерес, вработените, агентите, сестринските компании и правите следбеници, одговорни за било какви барања, загуби, штети, одговорности, побарувања или трошоци (вклучувајќи ги и адвокатските надоместоци), кои против МЕМЕ МАЛЛ ги поднела било која трета страна поради или кои што произлегуваат или се во врска со вашето користење на нашата Веб страница МЕМЕ.мк и вашето кршење на овие Услови.
Измена на овие услови
Го задржуваме правото во било кој момент ги промениме овие Услови по сопствено дискреционо право. Можеме претходно да ве информираме, но не мораме да го направиме тоа. Одговорни сте за редовно читање на овие Услови. Доколку продолжите со користење на нашата Веб страница по објавувањето на промените на овие услови, таквите услови ќе значат дека ги прифаќате и ги прифаќате измените.
Територијална важност
Нашата Веб страница, производи и услуги се прилагодени на корисниците на територијата на Република Северна Македонија и можеби не се погодни за употреба на друго место. МЕМЕ МАЛЛ ДООЕЛ Скопје, не изјавува дека производите, услугите и содржината на нашата веб страница се соодветни или достапни на други локации освен на територијата на Република Северна Македонија. Доколку пристапите на нашата Веб страница од друга територија, одговорни сте за почитување на сите важечки закони.
Применлив закон, решавање на спорови
Вие и МЕМЕ МАЛЛ се сложувате дека секое барање или спор кој се однесува на нашата Веб страница ќе биде регулиран согласно законот на Република Северна Македонија без оглед на неговата одредба во конфликт со законот, и подложен е исклучително во надлежност на судовите во Скопје, Република Северна Македонија.
Општи услови
Овие услови претставуваат цел договор помеѓу вас и МЕМЕ МАЛЛ во поглед на употребата на нашата Веб страница (meme.mk) и содржина, и ги заменуваат сите и сите останати писмени или усни спогодби или договори кои претходно постоеле помеѓу вас и МЕМЕ МАЛЛ поврзани со таква употреба. Доколку некои од одредбите во овие Услови судот ги смета за неважечки и неизвршни, таквите одредби се менуваат или бришат до мера до која е потребно и се заменуваат со важечки одредби кои најдобро ја прикажуваат намерата на овие Услови, така што овие Услови остануваат во потполна сила и важечки. Секој неуспех или одложување на компанијата МЕМЕ МАЛЛ во спроведувањето (во целост или делумно) на било кои одредби на овие Услови нема да се сметаат за откажување од правото или правните лекови на компанијата МЕМЕ МАЛЛ. Овие Услови не можат да се сметаат на начин да даваат било какви права или правни лекови на било која трета страна.
Политика за заштита на личните податоци
Повеќе во делот: Политика за заштита на личните податоци
Испорака и ценовник на испорака
Повеќе во делот: Услови за испорака и ценовник за испорака
Откажување на нарачката од страна на потрошувачот
Потрошувачот има право да ја откаже нарачката се додека нарачката не биде во магацинот подготвена за достава и за истото корисникот е соодветно известен по електронски пат.. Повеќе детали во делот: Услови за поврат на стока и средства на порталот.
Контакт
Оваа веб страница ја управува Друштво за производство, трговија и услуги МЕМЕ МАЛЛ ДООЕЛ, Скопје, со седиште на ул. Франклин Рузвелт бр. 62/1-4 Скопје, со ЕМБС: 7727607 и ЕДБ: 4080023618948. Доколку имате било какви прашања или коментари во врска со нашата Веб страница, слободно контактирајте не по пат на електронската пошта info@meme.mk или contact@meme.mk